Унгарија под еден од најтешките хакерски напади

Унгарските финансиски институции и телекомуникациската инфраструктура во четвртокот претрпеле силен кибернетичкинапад од компјутерски сервери лоцирани во Русија, Кина и Виетнам, објави во саботата телекомуникациската компанија „Magyar Telekom“.

Институциите и инфраструктурата доживеале таканаречен DDoS напад, во кој хакерите ја оптовариваат мрежата со невообичаено голем интерентски сообраќај за да ја парализираат. Овој напад бил 10 пати посилен од вообичаените DDoS напади, соопшти „Magyar Telekom“.

„Тоа знали дека ова по својата големина и комплексност бил еден од најголемите хакерски напади досега во Унгарија“, се додава во соопштението.

„Руски, кинески и виетнамски хакери се обидоа да изведат DDoS напад врз унгарските финансиски институции, но и да ја оптоварат мреќата на Magyar Telekom“, додаваат од телекомуникациската компанија.

Нападот се случил во неколку бранови, ги нарушил услугите на дел од финансиските институции и прекинал дел од услугите на „Magyar Telekom“ во делови на унгарската престолнина Будимпешта.