Унгарија преку измени на Уставот, оневозможува посвојување деца од еднополовите двојки

80

Унгарија во вторникот ја измени дефиницијата на бракот во својот уистав за да обезбеди ефикасна забрана за посвојување на деца од страна на истородовите двојки, која се толкува како победа за владејачките конзервативци но „мрачен ден за човековите“ права како што објави една ЛБГТК група.

Конзервативната партија Фидес на премиерот Виктор Орбан ја спроведува својата предизборна платформа по уверливата победа на третите парламентарни избори со ред во 2018 година.

Во изминатите челнови во унгарскиот устав сега се бнаведува дека семејството е „втемелено на брак и односите меѓу родителите и децата“. „Мајка е жената, а татко е маќот“, се наведува во дефиницијата на семејството.

„Унгарија го брани правото на децата да се идентификуваат со полот кој им е одреден со раѓањето и осигурува нивно одгледување на основа на уставниот идентитет и вредностите на нашата нација втемелени на нашата христијанска култура“, се додава во уставот.

Истополивиот брек е незаконски во Унгарија, но досега беше можно доколку еден од партнерите самостојно поднел барање за посвојување.

„Главниот пропис е дека само брачните другари може да посвојат дете, а тоа се мажот и жената кои се во брак“, објави министерката за правда Јудит Варга.

Уставните измени следеа откако претходно годинава беше усвоен законот кој забранува промена на полот во личните документи, и по идеолошката битка околку книгите за деца коишто различните сексуални ориентации ги прикажуваат на позитивен начин.

Според новиот закон, на самците во Унгарија барањето за посвојување дете мора да им го одобри миинистерот за семејство, должност на која во моментов е Каталин Ева Новак, мајка на три деца која се залага за јакнење на тредиционалното семејство.

„Не верувајте во тоа дека жените треба постојано да се натпреваруваат со мажите. Не верувајте во тоа дека во секој момент мораме да се споредуваме или да се биде на исто високи позиции или да имате еднакви плати како мажите“, рече Новак во видеото кое го објави во понеделникот.

Очекувано широк простор во европските медиуми им беше даден на реакциите на ЛГБТ здруженијата кои ги повикуваат европските челници да го осудат потегот на Будимпешта.

„Ова е мрачен дена за унгарската ЛГБТ заедница и мрачен ден за човековите права“, изјавил за Reuters Давид Виг, директор на Amnesty Hungary.

Мајсен Дејвис, извршен директор на Transgender Europe, изјавил дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, би требало да посвети внимание на ова прашање и ЕУ да го преоиспитува владеењето на правото во Унагарија и со тоа поврзано кривична правна постапка. Но токму ваквите обиди предизвикаа Полска и Унгарија да го блокираат носењето на повеќегодишниот буџет и програмата за закрепнување на ЕУ.

„Длабоко сме загрижени за здравјето и безбедноста на трансродовите деца и возрасните во Унгарија во ваква непријателска клима“, изјавил Дејвис без да даде никакви податоци и докази за тврдењата.

Катрин Хугенддубел, од меѓународаната група за хомосексуални права ILGA, дури отиде и потаму и оцени дека постојат и „ЛГБТИ деца кои ќе бидат принуден да растата во оплружување кои им ја ограничува можноста за изразување на иденеотетот“. Ваквите групи инаку често се критикувани дека под наводно бранење на правата на децата, промовираат сексуално искористување и симнување на границата за односи со малолетници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.