Унгарија се противи на идеите за воведување санкции за увозот на енергетски ресурси од Русија, воведување зона на забранети летови на Украина, како и за испраќање мировници на НАТО во копнена мисија во земјата во којашто трае руската офанзива, изјави во понеделникот унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Унгарија многу јасно ги смета санкциите против увозот на енергија (од Русија) за црвена линија. Нема да поддржиме санкции кои ја загрозуваат безбедноста на снабдивањето со енергија на Унгарија“, вели Сијарто во објавата на Facebook по состанкот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската унија.
Сијарто, исто така, нагласува дека интересот на Унгарија, којашто граничи со Украина, „сака да остане настрана“, инсистирајќи на заедничка позиција на НАТО и ќе се спротистави на на предлозите кои носат ризик од „било воздишна војан или проширување на војната на теренот“.
„Предлозите за воспоставување зона на забранети летови над Украина сѐ повеќе зачестуваат, А други земји членки (на НАТО) сѐ повеќе сугерираат дека во блиска иднина во Украина ќе се јави и мировничка мисија. Мора јасно да се каже: тоа претставува нов воен ризик, воспоставување и поддршката на зона за забранети летови значи во војна во воздушното пространство. Исто така, и испраќањето копнени сили во Украина, како мировници, со себе го носи ризикот од судари. Треба да го избегнеме тоа“, додава шефот на унгарската дипломатија.
Сијарто го повтори ставот на Будимпешта, којашто е речиси целосно зависна од руските енергенси, дека нема да испорачува оружје на Украина и нема да дозволи пренесвување на смртоносни оружја преку нејзината територија.