Унгарија со нова помош за Македонија

138

Унгарија повторно и помага на Македонија. Во Будимпешта вчера пристигнаа 4 авиони со медициснка опрема и вентилатори од Кина, а во понеделник еден од авионите ќе биде препратен во Македонија, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Петер Сијарто.
Помошта се состои од 4,6 милиони пара медицински ракавици, 1милион и 150 илајди маски за лице, делови потребни за ракување со 500 вентилатори и стотици тестови за дијагностицирање на КОВИД-19 соопшти Сијарто.

Унгарија помошта од Кина од 80 милиони заштитни маски ќе ја подели со земјите од регионот Албанија, Србија и Босна и Херцеговина.

Унгарија веќе испрати еден авион со 100.000 маски и 5.000 заштитни одела на 6-ти месецов. Ова е втор авион во еден месец кој доаѓа во земјата од Унгарија полн со опрема за заштита од корона вирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.