Унгарија стави вето на соопштението на НАТО за Украина

Унгарија стави вето на заедничкото соопштение на НАТО за Украина затоа што не се споменува „лишување од права“ на унгарското малцинство во соседната земја.

Во исто време, унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто ги отфрли критиките дека односот на Унгарија со Русија е премногу пријатен или дека Унгарија се залага за „прагматични односи“ со Русија затоа што „ние сме руски шпиони“.

Сијарто рече дека ваквите коментари се „смешни навреди кон нашите западни пријатели“.

Унгарија наведува дека промените во украинскиот закон за образование и јазик ги ограничуваат малцинските права, а Владата на премиерот Виктор Орбан, исто така, е во судир со Украина затоа што одбива да им дозволи на етничките Унгарци да имаат двојно државјанство.

Сијарто ова го изјави пред денешната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Будимпешта.