Унгарија во среда прва во ЕУ започнува вакцинирање со кинеската „Sinopharm“

26

Унгарија во среда ќе стане првата земја членка на Европската унија којашто ќе го вакцинира со вакцината против коронавирусот развиен од кинескиот производител „Sinopharm“.

Унгарија во декември започна со имунизацијата на населението со вакцината на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“. Земјата, исто така, беше првата во ЕУ која набави и дози од руската вакцина „Спутник V“, која како и кинеската, сѐ уште го нема добиено одобрување од Европската агенција за лековите (ЕМА).

Во унгарската програма за вакцинирање се вклучени и вакцините на американската компанија „Moderna“ и англо-шведската компанија „AstraZeneca“, со која во Унгарија ќе се вакцинираат меѓу 18 и 59 години кои патат од хронични болести.

Владата во Будимпешта ја критикуваше бавноста на програмата за вакцинирање во ЕУ и дистрибуцијата на вакцините, објави во јануари дека има договор за набавка на пет милиони дозии од вакцината на „Sinopharm“. Првите 550.000 дози пристигна во Будимпешта минатата седмица.

Премиерот Виктор Орбан, кој сака што поскоро раздвижување на стопанството, настојува да ја забрза програмата за вакцинирање откако западните производители на вакцината, кои ги одобри ЕУ, објавија дека ќе доцнат со испораките.

„Следните неколку денови можеме да направиме голем чекор нанапред во вакцинирањето со кинеската вакцина. Тоа значи дека во една седмица бројот на оние коишто ја примиле вакцината би можел да мине 800.000“, изјави за новинарите Иштван Гергели, шеф на владината работна група за вакцинирање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.