Унгарија го изгласа законот „Стоп-Сорос“

Унгарскиот парламент го усвои пакетот закони под името „Стоп-Сорос“ со кој се овозможува кривично гонење на лица и невладини организации ако им помагаат на мигрантите, а кој особено е насочен кон организациите финансирани од американскиот милијардер Џорџ Сорос.
Законот за мигрција содржи измени и дополненија на Кривичниот закон со кој се каззнуваат лица или организации кои ја „олеснуваат нелегалната миграција“ или помагаат во постапките за пријавување на азил на мигранти кои доаѓаат од безбедни држави, пренесува агенцијата МТИ.

„Стоп сорос“ беше изгласан со 160 гласови „за“ и 18 „против“.

Орбан претходно ја покрена кампањата против Џорџ Сорос, американски милијардер од унгарско порекло, кој го обвинува дека преку невладините организации што ги финансира поттикнува масовно доселување во Европа.

Со новиот закон, предвидена е казна затвор до една година, за секој кој ќе и помогне на личност која нелегално влегла во Унгарија од земја што не е дел од шенгенскиот простор. Помагачот нема да биде казнет ако мигрантот бил изложен на непосредна опасност.

Според законот, надзорот на границата, собирањето или дистрибуирање на информации, поставување или организација на мрежа за помош исто така ќе се смета за организација на миграција.
Како наведуваат од Владата, усвоениот закон е во склад со Женевската конвенција која подразбира заштита на сите кои доаѓаат од земји во кои им е загрозена слободата или животот.