Унгарија ја суспендираше реформата на судовите на која се противи ЕУ

Унгарија во четвртокот неочекувано објави дека на неодредено време го суспендира новиот систем на управни судови, реформа којашто предизвика голема загриженост во Европската унија во поглед на независноста на судството.

Реформата којашто ја предложи владејачката конзервативна партија Фидеш се најде во фокусот на судирот со Европската унија, која смета дека некои реформи на премиеот Виктор Орбан ја „покткопуваат деморкатијата и владеењето на правото“. Всушност станува збор за притисок порди тврдата политика на Орбан по прашањато на миграциските политики кои сака да ги спроведува Брисел.

Унгарија кон крајот на минатата година донесе закон за формирање судови кои директно ќе бидат под надзор на министерот за правосудство, што според мислењето на критичарите би можело да овозможи мешање на политиката во правосудните прашања. На почетокот од годинава, меѓутоам, промени некои апсекти од оваа реформа на која реагираше Венецијанската комисија.

„Владата ќе прогласи суспендирање на неодреден рок покренување на системот на управните системи. Веруваме дека законот ги задоволува европските стандарди и владењето на правото. Меѓутоа, системот на управните судови стана предмет на расправа во Европа, која неоправдано го постави прашањето за независноста на судството“, рече Гергели Гулјаш, шеф на кабинетот на премиерот Орбан.

Управните судови би требало да ги преземат случаите кои се однесуваат на даноците и иборите, кои во моментов ги обработува главниот правосуден систем. Владата и претходно тврдеше дека со судовите ќе претседаваат независни судии коишто подобро ќе ги решаваат сличаите.

Гулјаш дека не постои поврзаност меѓу членството на Фидеш во Европската народна партија (ЕРР) и суспендирањето на реформите, коај е воведена неппосредно пред именувањето на судиите на новите судови. Остана нејасно дали Фидеш или ЕРР во март го суспендираше челнството на партијата Орбан поради судирот околку непочитувањето на владењето на правото, медиумските слободи.

Сепак, Гулјаш смета дека овој потег би требало да ја подобри позицијата на Унгарија во ЕУ. Истакна дека Будимпешта смета дека голем дел од критиките на унгарските реформи се неосновани, но и дека мора да бидат земени предвид и да се спречат евентуални мерки на Европската комисија против новиот судски систем. Додаде и дека Унграри би можела сосема да се откаже од новите судови, доколку не успее да ја отстрани изразената загриженост во врска со ова.