Унгарија нема да ги ублажи законите за да може да остане универзитетот на Сорос

Унгарија нема да ги ублажи прописите за меѓународните универзитети кои работа на нејзината територија и покрај притисокот од Европската унија и понудата на Германија да посредува во спорот околу универзитетот кој го финансира американскиот берзански шепкулант од унгарско-еврејско потекло Џорџ Сорос, порача во средата портпаролот на владата во Будимпешта.

„Нема промени во нашите основни ставови. Нема да ги промениме законите и прописите кои го уредуваат високото образование во Унгарија. Ќе делуваме на таа основа“, изјави владиниот портпарол Золтан Ковач.

Соросовиот Универзитет на Централна Европа (CEU) од септември ќе пресели дел од своите активности во соседна Австрија, бидејќи новите унгарски прописи му забрануваат издавање дипломи. Имено, странските универзитети кои делуваат во Унгарија мора да имаат кампуси во матичната земја, а CEU нема кампус ниту активности во САД.

Овој спор, кој се доживува како само една епизода од главниот спор меѓу неолибералот Џорџ Сорос и унгарскиот конзервативен премиер Виктор Орбан поради имиграциите, е едно од низата прашања поради којашто владајачката унгарска партија Фидес привремено истапи од Европската народна партија (EPP) во пресрет на изборите за Европскиот парламент кон крајот на мај.

Владата на Баварија и Техничкиот универзитет во Минхен понудија, на иницијатива на Манфред Вебер које е кандидат на ЕРР за претседател на Европската комисија, помош за да му овозможат на Централноевропскиот универзитет на Сорос да може да издава меѓународни дипломи.

Унгарскиот државен секретар Балаш Орбан рече дека владата е „подготвена да разгледа можност за издавање дипломи признати во САД и во Германија, како и во Унгарија“. Истакна, сепак, дека сите универзитети мора да го почитуваат унгарскиот закон.

Портпаролот Ковач, исто така, порача дека учеството на Баварија, иако е добредојдено, не би довело до измени на унгарскиот закон за универзитетите.

Ректорот на CEU, Мајкл Ингатиефф, порача во март дека универзитетот од унгарската влада ќе бара на законски пат да му осигури „правно обврзувачко одобрување за сите негови активности во Будимпешта“.