Унгарија отворена за преговори за мигрантите со Берлин

Унгарија е „отворена“за преговори со Германија за билатерален миграциски договор, рече портпаролот на владата во Будимпешта.

На маргините на самитот на европските лидери на унгарската влада се обрати Германија поради  билатерални разговори, изјави портпаролот без да даде детали.

Истиот извор вели дека позицијата на Унгарија за миграција е јасна, но дека Будимпешта е отворена за дијалог.

Малку е веројатно дека Будимпешта ќе ги прифати сите барања на Берлин, бидејќи унгарскиот премиер Виктор Орбан одбива да ги прими барателите на азил кои Меркел сака „ да ги рашири“ подеднакво низ блокот.

Токму неуспехот во договарање на ревизија на спогодбата од Даблин, со која е предвидена со квоти колку која држава ќе прифати мигранти, повеќе членки на ЕУ се подготвени со билатерални договори со Германија, која има примено најголем број на мигранти, да го решат овој грлив проблем.