Унгарската кампања против Јункер завршува на 15-ти март, нова цел Тимерманс

Унгарската конзервативна десна влада ќе ја заврши својата кампања против претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на 15-ти март, најави портпаролот на владата во Будимпешта, но според премиерот Виктор Орбан, најверојатно кампањата ќе има нова цел – потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс.

„Унгарците имаат право да знаат какви се проимиргантските бирокртски планови кои се договараат во Брисел. Затоа организиравме информативна кампања, која ќе заврши според планот на 15-ти март“, напиша во саботата на Twitter портпаролот на унгарската влада, Золтан Ковач.

Извесен период на улиците во Унгарија се среќаваат постери на коишто се ликовите на Жан-Клод Јункер и на американскиот неолиберален берзански шпекулант од еврејско-унгарско потекло Џорџ Сорос, со пораки дека оваа двојка сака да ги промовира илегалните имиграции во Европа.

На официјлната страница на Facebook на владата на Унгарија, прикажан е постер на кој Јункер и Сорос, со пропратен текст: „Вие, исто така, имате право да знаете што Брисел ви подготвува“. „Тие сакаат да воведат задолжителни мигрантски квоти. Сакаат да го намалат сувереното право на државите членки (на ЕУ) на заштита на сопствените граници. Тие би овозможиле имиграција со помош на мигрантски визи“, пишува уште на плакатот.

Европската комисија ги отфрли овие тврдења. Јункер на чело на ЕК дојде благодарејќи на Европската нардона партија (ЕРР), која на минатите европски избори го избра за „шпиценкандидат“. Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидеш исто така е членка на ЕРР, а некои членови на европските конзервативции бараа партијата да биде отстранета поради спорот околу постерите и кампањата. Но Фидеш е доминантна во Унгарија и јасно е дека ќе освои голем број мандати на мајските избори за Европскиот парламент, па оттаму исклучувањето на оваа партија од EPP ќе ја ослаби оваа сега најсилна претеничка група.

Премиерот Орбан во неделата рече дека првата фаза од кампањата едноставно ќе ја замени втора: против заменикот на Јункер, Франс Тимерманс.

„Во следната фаза од изборната кампања (за европските избори во мај – з.р.), ќе видите друга фигура на постерите: господинот Тимерманс“, вели Орбан во разговорот за германскиот весник Welt am Sonntag. Орбан во разговорот додава и дека споменатиот холандски политичар на новите постери ќе му се придружи на Сорос.

Тимерманс се надева дека ќе го замени Јункер на челната позиција во Европската комисија како главен кандидт на европските социјалисти PES на претстојните европски избори.