Унгарската Влада ќе формира погранична стража

Унгарската Влада ќе формира погранична стража што ќе функционира во рамки на Министерството за внатрешни работи, соопшти денеска Гергели Гуљаш, шеф на Кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Тој изјави дека граничната стража ќе биде формирана во рамки на полицијата и оти на почетокот ќе регрутира околу 2.200 припадници.

Граничарите ќе бидат задолжени за обезбедување на границата заедно со полицијата, со што ќе се растерети армијата, а дополнително ќе се заштити унгарската граница, изјави Гуљаш појаснувајќи дека финансирањето на пограничната стража ќе се обезбедува од буџетските средства наменети за одбраната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.