Унгарската влада ќе предложи на 26-ти мај укинување на вонредните овластувања

Унгарската влада ќе поднесе на 26-ти мај до парламентот предлог за укинување на вонредните овластувања воведени поради епидемијата на коронавирусот, најави во неделата доцна вечерта шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Гергели Гулјаш го наведе истиот датум за порталот hirtv.hu кој претходно кон крајот на минатата седмица го истакна премиерот Виктор Орбан.

Гулјаш рече и дека на парламентот ќе му бидат потребни неколку дена за да биде усвоен предлогот со кој од почетокот на јуни ќе завршат вонредните овластувања во услови на здравствената криза, поради кои критикуваше опозицијата и бирократијата во Брисел.

Во моментот кога унгарскиот парламент ѝ даде на владата можност за носење декрети по прашањата поврзан со короанвирусот, не беше утврден датум до кога ќе траат тие овластувања, што кај некои функционери во Европската унија предизвија критики, и Европската комисија. Орбан возврати дека вонредните мерки може да ги повлече парламентот во секој момент.

Во врска со рестриктивните мерки и епидемијата, унгарската влада од понеделникот постепено ги укинува ограничувањата и во главниот град Будимпешта, две седмици откако мерките за изолација беа укинати во остатокот од земјата.