Унгарската влада сака да го купи будимпештанскиот аеродром

Владата на Унгарија им поднела на акционериоте на аеродромот крај главниот град „Budapest Airport“ необврзувачка понуда за купување на главниот унгарски меѓународен аеродром, објави во понеделникот неговиот оператор „AviAlliance“.

Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан објави претходно годинава дека е заинтересирана за купување на мнозинскиот удел во сопственичката структура на аеродромот, истакнувајќи дека неговата приватизација била спротивна на унгарските „стратешки интереси“. Орбан кажа дека сака аеродромот да биде во домашна сопственоста, но дека сопствениците досега не биле заинтересирани за продажба.

Најголемиот акционер во аеродромот крај Будимпешта, со 55,44 отсто од уделот е „AviAlliance“, некогашниот „Hochtief AirPort“, чиј сопственик е канадскиот пензиски фонд во јавниот сектор „PSP Investments“. Другите акционери се сингапурскиот „GIC Special Investments“ и канадски „Caisse de dépôt et position du Québec/ Quebeec“, со сопственички удели малку поголеми од 21 отсто.

„Можеме да потврдиме дека унгарската влада поднесе необврзувачка понуда за акционерите на аеродромот во Будимпешта. Во интересот на нашите коакционери и поради правни причини должни сме да ги проучиме потенцијалните понуди“, соопштиле од „AviAlliance“ во одговор на прашање од агенцијата Reuters за владината понуда.

„Ние не ја инициравме понудата, AviAlliance е доследен долгорочен инвеститор. Навистина се надеваме дека ќе добиеме можност и натаму да вложуваме во овој аеродром“, истакнале од компанијта.

Портпаролот на унгарската влада и канадскиот фонд не сакале да ја коментираат објавата на понудата, а сингапурскиот фонд не бил веднаш достапен за коментар на барање на агенцијата.

Откако во 2010 година Виктор Орбан стана премиер, владата започна да ја зголемува државната сопственост во стратешките сектори, како што се банкарскиот, медиумскиот и енергетскиот. Во моментов нема сопственички удел во будимпештанскиот аеродром кој е приватизиран во 2005 година во периодот на владеењето на социјалдемократските влади.

Министерот за иновации и технологии Ласло Палкович во јуни во интервјуто за порталот Vasarnap.hu изјави дека аеродромот Будимпеша е клучна за заживување на туризмот по пандемијата на коронавирусор, критикувајќи ги неговите сопственици дека не вложуваат доволно во квалитетот на услугите.

Аеродромот во Будимпешата е со средна големина и бележи брз раст главно поради ценовно поволни патувања. Но неговите сопственици се најдоа во големи проблеми по избувнувањето на пандемијата, којашто ги блокираше патувањата.

„Пандемијата влијаеше врз будимпештанскиот аеродром, како и врз сите други аеродроми во Европа. Продолживме, сепак, да вложуваме во инфраструктурата и работењето на аеродромот во сегашната криза, бидејќи веруваме во нејзиното брзо економско закрепнување и долгоречниот потенцијален раст“, тврадт од „AviAlliance“ кои имаат и мали удели во аеродромоте во Хамбург, Диселдорф, Атина и во порториканската престолнина Сан Хуан.