Унгарската владејачка партија ќе го поддржи влезот на Финска во НАТО на 27-ми март

Унгарскиот парламент би требало да гласа за ратификација на протоколот за влез на Финска во НАТО на 27-ми март, а пратеничката група на владејачката партија Фидес тоа едногласно ќе го поддржи, изјави претставникот на партијата во петокот.

Шефот на пратеничката група на Фидес, Мате Кочиш објави на Facebook дека нивните пратеници за приемот на Шведска ќе разговараат „подоцна“, но не го прецизира датумот.

Финска и Шведска побараа членство во НАТО заедно минатото лето. Само Унгарија и Турција од 30-те земји членки досега сѐ уште не ги ратификуваа протоколите за пристапување на двете нордиски земји во Северноатлантскиот воен сојуз.

Турскиот парламентот би можел да го ратификува влегувањето на Финска во НАТО пред да заврши со работата кон средината на април.

Анкара ја блокира Шведска којашто одбива да ги предаде лицата кои турското правосудство ги бара за тероризам и им дава политички азил, а особено по двата протеста со инциденти пред турската амбасадата во Стокхолм за чие одржување дадоа шведските власти.