Унгарскиот премиер Орбан во Бања Лука разговараше со Додик

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна во саботата во Бања Лука со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик кој водечките западни земји го обвинуваат за главен причинител на актуелната политичка криза во земјата а коишто водачот на босанските Срби ги обвинува дека сакаат да го укинат ентитетот Република Српска.

Орбан во посетата, која ја опиша како „пријателска и работна средба“, го поведе и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, а Додик на средбата беше придружуван од претседателот на владата на Република Српска, Радован Вишковиќ.

Посетата траеше речиси два часа, а разговорите беа одржани зад затворени врати во еден ресторан во близина на аеродромот крај Бања Лука и без заедничка изјава за медиумите.

„Благодарни сме ѝ на Унгарија за разбирањето коешто го има за Република Српска“, беше единствената реченица на Додик за разговорите кои од неговото опкружување им е проследена на медиумите.

Пред патот во Бања Лука, Виктор Орбан во Будимпешта го прими високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмид кому Додик решително му го оспорува легимититот бидејќи неговото именување на должноста на го потврди Советот за безбеднсот при Обединетите нации.

Унгарскиот премиер во септември му беше домаќин на Додик на демократски форум во Будимпешта, една од ретките европски престолнини во којашто лидерот на босанските Срби соочен со изразена дипломатска изолација од западните земји, сѐ уште е добро приман.

Пред средбата во Бања Лука, Додик го опиша Орбан како „важен и голем државник“ истакнувајќи ја неговата подготвеност за важните теми да се конфронтира и со другите членки на Европската унија и со Брисел во заштитата на унгарските национални интереси.

Додик најави дека планира со Унгарија да реализира енергетски проекти од кои најмалку еден може да се однесува и на соседна Хрватска, односно потенцијалот со кој би можело да располага хидроцентралкта во Плат кај Дубровник и која зависи од водотеците на територијата на БоХ, односно источна Херцеговина.

„Мојата идеја е да се обидеме со Орбан да се договоритем за градење на вториот тунел од Требешњица, од акумулациското езеро над Требиње, кој би се спуштил до Сутоморе или Плат, зависно од тоа со која држава Хрватска или Црна Гора, ќе постигнеме што е можно подобар аранжман“, изјави Додик во интервјутео за телевизијата на Република Српска (РТСР).