Унгарскиот Уставен суд пресуди во спорот со ЕУ околу миграцијата

Унгарија има право да ги применува сопствените мерки во боластите во коишто Европската унија допрва треба да преземе соодветни чекори за заедничките правила на Унијата, одлучи во петокот унгарскиот Уставен суд.

Највисокиот унгарски суд ја разгледуваше жалбата на владата на премиерот Виктор Орбан на пресудата на Судот на ЕУ, во која се наведува дека Будимпешта наводно ги прекршила прописите на ЕУ осмислени со цел да се заштитат бегалците, депортирајќи ги назад на границата со Србија.

Меѓутоа, Брисел во моментов воопшто не реагира на идентичното постапување со бегалците и мигрантите кои последните месеци преку Белорусија се обидуваат да влезат во ЕУ преку Полска, Литванија и Летонија, кои ги враќаат на Белоруска територија.

Во својата пресуда, унгарскиот Уставен суд навел дека не го анализирал прашањето дали законот на ЕУ има предност над унгарскиот закон во врска со почитувањео на имиграцискиот став на владата.

Министерката за правосудство Јудита Варга инсистира дека приомената на пресудата на Судот на ЕУ би резултирала со останување на многу мигранти во Унгарија, иако ниту самите тие тоа го сакаат.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во реакција на пресудата изјави дека владата мора да ја следи одлуката на Уставниот суд.

„Дадовем свечена обврска дека ќе му служиме на унгарскиот народ и на унгарскиот систем, а не на бирократите во Брисел. Кога станува збор за споровите со Брисел, Уставниот суд е конечниот арбитар“, рече Орбан за унгарското јавно радио.

Орбан, еден од најострите противници на масовните имиграции во Европа од земјите на Блискиот истој, северна Африка и Азија, во 2016 година одржа референдум против планот на ЕУ мигрантите да бидат распоредувани по сите земји членки на Унијата, на што унгарските гласачи во огромно мнозинство се спротиставија. Слично е расположението и во Чешка, Полска и Словачка, кои заедно со Унгарија ја сочинуваат ткн Вишеградска четворка.

Педест иосумгодишниот Орбан е на власт од 2010 година, а последните години е во судир со бирократизираните институции на ЕУ бранејќи ги суверенети национални интереси на Унгарија. Следната година на изборите ќе се соочи со обединетата опозиција, а коментаторите сметаат дека овие прашања повторно може да му бидат во полза во зајакнувањето на поддршката.