Новиот унгарски закон со кој се забранува „прикажување и промовирање на родовиот идентитет различен од полот според раѓањето, промената на полот и хомосексуалноста на помлади лица од 18 години“, може да го засени самитот на челниците на 27-те земји членки на Европската унија во четвртокот и петокот, во чиј фокус требаше да бидат внатрешнополитичките прашања за односите кон Русија и Турција.
Геополитичкиот контекст на самитот во Брисел однапред беше зададен со тоа што генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во четвртокот на продолжениот работен ручек со челниците на Европската унија би требало да разговара за низата надворешнополитички теми.
Меѓутоа, неименуван европски функционер изјавил за AFP дека дискусијата за унгарскиот закон станала „доста важна“, како и дека тоа прашање веројатно ќе биде поставено на првата работна вечера.
Ова прашање оваа седмица беше истуркано во прв план на политиките на ЕУ, откако европската фудбалска асоцијација УЕФА во контекстот на своите интенции за немешање на политиката во спортот, го одби инсистирањето на градот Минхен стадионот на кој се играше дуелот меѓу Германија и Унгарија во рамките на европското фудбалско првенство во средата да го обои во боите на виножитото како заштитен знак на ЛГБТ движењето, во знал на противење на законот донесен во парламентот во Будимпешта.
Сепак, германскиот град наместо тоа во боите не виножитото украси голем број споменици во градот точно кога гостуваше селекцијата на Унгарија, а еден од нив токму пред стадионот на кој беше најавено доаѓањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Покрај тоа, организаторите на дуелот во Минхен му овозможи на ЛГТБ активист со знаме во боите на виножитото да втрча на теренот, што во други случи се санцкионира со драстични казни, вклучително и високи парични глоби за организаторите а за сторителите и со долгогодишни забрани за влегување на стадионите.
Францускиот претседател Емануел Макрон, во настојувањата да се врши притисок врз Будимпешта, главно поради нејзиното спротиставување на спроведувањето на миграциските и неолибералните политики на бирократскиот естаблишмент во Брисел, изрази жалење за одлуката на УЕФА.
Унгарскиот десен премеир Виктор Орбан, кој поради своите социјални конзервативни и суверенистички политики претставува долгогодишен кошмар за челниците на ЕУ, кои ги сметаат за „покопување на европските демократски норми“, се очекува дека студено ќе биде пречекан на самитот.
Германската канцеларка Ангела Меркел, која со своите политики придонесе за голем пад на рејтингот на нејзината демохристијанска коалиција Унијата CDU/CSU, унгарскиот закон го нарече „погрешен“. Додека претседателката на Европската комисија, Урусла фон дер Лејен, изјави дека е „срамно да се кршат основните европски вредности“.
„Законот јасно ги дискриминира луѓето на основа на нивната сексуална ориентаци“, рече Фон дер Лејен во својата оцена лишена од суштината на законот кој го критикува, односно заштита на малолетните лица.
Меѓутоа, само половина од членките на ЕУ, преводени од четирите најголеми – Германија, Франција, Италија и Шпанија – кои по истапувањето на Велика Британија имаат амбиции непречено да ја обликуваат ЕУ според своите интереси, ја потпишаа заедничката декларација со којашто се изразува „голема загриженост“ поради унгарскиот закон и ја повикува Европската комисија да дејствува.
Претставнците на земјите кои не ја потпишаа оваа декларација, пак, предупредија дека изјавата против Унгарија внесува вознемирување меѓу земјите членки кои во иднина и самите може да се најдат на удар поради некои нивни одлуки од нивен национален интерес, како и дека не придонесува за единството на ЕУ.
Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, побара со писмо од Европската комисија веднаш да го активира механизмот со кој се условува користењето на средствата од европскиот фонд за закрепнување по коронакризата со почитување на владеењето на правото, што не е директно врзано со оваа тема.
Владата на Унгарија во средата ја обвини Фон дер Лејен за „лажни обвинувања“ и „пристрасно политичко мислење“. Будимпешта истакнува дека со законот токму се „штитат правата на децата“, како и дека тој не е дискиминаторен, односно не се одземаат никави права на лицата кои се определуваат за ЛГБТ идеологијата.
Висок европски функционер кој барал да остане анонимен рекол за AFP дека „Со Унгарија ова е можеби најлошата ситуација, да бидам искрен, која лично сум ја видел“. „Но во минатото и тој (Орбан) направи чекор наназад во однос на законодавството кое го предложи владата. Се надеваме дека и ова брзо ќе биде отстеането“, рекол.