Унгарските власти од дното на Дунав го подигнаа потонатиот брод

286

Унгарските власти во вторникот започнаа со извлекувањето на остатоците од бродот кој пред две седмици на Дунава превезуваше група јужнокорејски туристи и потона откако во него удри поголем брод при што загинаа 28 луѓе.

Четири тела се пронајдени во бродот кога дигалката го подигнала од дното на реката. Меѓу нив е она на бродскиот скипер. Брод „Hableany“ (Сирена), потона на 29-ти мај вечерта, неколку секунди откао беше удрен од бродот „Viking Sigyn“. Унгарските власти го притворија скиперот на овој брод, кој е од унгарско потекло.

На потонатиот брод се наоѓаа 33 јужнокорејски туристи и двајца Унгарци, членови на екипажот. Само седум луѓе, сите од Кореја, ја преживеа несреќата. Извлечени се од реката надојдена од дождовите веднаш по несреќата. Уште четири лица се водат како исчезнати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.