УНИЦЕФ: Третина од корисниците на Интернет се деца

Ширум светот утре ќе биде одбележен Денот за сигурен интернет, а според податоците на УНИЦЕФ, децата сочинуваат една третина од вкупниот број интернет корисници, пренесуваат агенциите.

Меѓу најчестите ризици на кои децата се изложени се: собирање лични податоци, лажни вести, загрозување на приватноста, злоупотреба во комерцијални цели и изложеност на штетни и вознемирувачки содржини, соопшти дигиталната агенција Нимикс.

Истражувањето на УНИЦЕФ „ Сигурност на интернет за целото семејство“ покажа дека помалку од 10 отсто деца на возраст од четири до осум години не користат дигитални уреди, а некои деца пристапуваат на интернет пред својата трета година.

Истражувањето наведува дека најчесто активностите на децата на интернет се консумација и репродукција на видео и фото содржини, слушање музика и играње видео игри.

Податоците покажуваат дека 80 отсто од учениицте слободното време го минуваат со игри, па, затоа истакнуваат дигиталната технологија активно учествува во обликувањето на начинот на кој децата комуницираат и на кој се дружат.

Во Намикс сметаат дека одговорите на предизвиците од дигиталната револуција се наоѓаат во покревање на свеста за интернетот, сигурноста во онлајн сферата, како и ширењето на дигиталната писменост, која подразбира соработка со родителите, учителите и другите кои се занимваат со едукација на децата со претставниците на индустријата и носителите на одлуките.Денот за сигурен интернет е кампања што почна во 2004 година и зафаќа најразлични теми, од кибер малтретирање до кристење на социјалните мрежи.Денот се одбележува во над 150 земји од светот и се фокусира на актуелни теми што се однесуваат на присуство на мрежата.