Унион Берлин без тренер против Баерн

Германскиот прволигаш Унион Берлин на домашниот натпревар против минхенски Баерн во сабота ќе биде без својот тренер Урс Фишер, кој мора да биде во самоизолација.

Швајцарецот поради смртен случај во семејството го напушти седумдневниот екипен карантин, кој го одредии германската фудбалска федерација. Фишер по враќањето од Швајцарија по погребот мора да оди во изолација и да чека два последователни теста на коронавирусот да му бидат негативни.

Во негово отсуство, новиот германски прволигаш ќе го води помошниот тренер Маркус Хофман.

Баерн е водечката екипа во пресрет на продолжување на првенството, а Унион е на средината од табелата и го доби епитетот „убиец на фаворитите“, победувајќи ги двете Борусии.