Унион Берлин го презема водството во Бундеслигата

Во средбата од шестото коло на германската фудбалска лига, Унион Берлин на гостувањето во неделата го совлада Келн со 1:0 и го презема водството на табелата на Бундеслигата.

Ова беше четвртата победа на тимот од Берлин кој со два ремија скокна на првото место со 14 бодови. Келн по овој пораз е на седмото место со девет бодови.

Решавачкиот погодок го постигна Тимо Хуберс кој во 3 минута ја погоди сопствената мрежа. Унион седум минути подоцна можеше да го зголеми водството, но Џордан Зибатше не реализираше пенал. Шутираше по средината на голот, а Марвин Швабе беше на местото. Во 81 минута домашните останаа без исклучениот Лук Килиан кој го доби вториот жолт картон.

Подоцна во последниот дуел од шестото коло Фрајбург и Борусија Менхенгладбах одиграа без голови, со што домашните ја пропуштија можноста да го заземат врвот на табелата.

Фрајбург имаше можност да го преземе врвот на табелата, но дуелот заврши без погодоци по остана на второто место со 13 бодови, бод повеќе од Баерн Минхен, Хофенхајм и Борусија Дортмунд. Борусија Менхенгладбах сега е осма со девет бодови.