Уништена бистата на херојот Чеде Филиповски-Даме во Гостивар

120

Бистата на народниот херој Чеде Филиповски-Даме вчера била откорната од дворот на средното училиште во Гостивар.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера се случил инцидет во двор на средното економска училиште во Гостивар на улицата Живко Брајковски.

Непознати лица ја откорнале и турнале на тревникот бистата на народниот херој Чеде Филиповски-Даме.

Полицијата  презема мерки за пронаоѓање на лицата кои го уништиле споменикот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.