Уништени 250 метри од гасоводот Северен тек 1 во Балтикот

Истрагата покажала дека во експлозиите кон крајот на септември се нанесена значителна штета и се уништени околу 250 метри од едниот крај ка гасоводот Северен тек 1 во шведските територијални води, соопшти во средата компанијата оператор „Nord Stream AG“.

Според прелиминарните резултати од увидот, на морското дно се откриени кратери од техноген (вештачки) карактер со длабочина од 3 до 5 метри на растојание од околу 248 метри еден од друг.

„Делот на цевководот меѓу кратерите е целосно уништен, радиусот на дисперзијата на фрагментите од цевководот е најмалку 250 метри“, се вели во соопштението на „Nord Stream AG“.

Се прецизира дека „Nord Stream AG“ веќе го завршиле првото собирање р податоци на местото на оштетувањето. Сега стручњаците продолжуваат да ги анализираат фактите добиени во истрагата, се додава.

Во понеделникот рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека на рускиот гасен гигант „Газпром“ му било дозволена да ги истражи местото на кое се тврди дека се случила експлозија на двата гасовода Северен тек 1 и 2. Според Путин, експлозиите на гасоводите се „очигледен терористички чин“.

Во „Nord Stream AG“, почнувајќи од крајот на октомври собира податоци за штетата во територијалните води на Шведска, и компанијата истакна дека и натаму ја очекува дозволата од Данска да започне со работ во данските води.

На 26-ти септември во ист момент беа забележани истекувања од двата гасоводи со кои рускиот гас по дното на Балтичкото Море се испорачување до Германија, односно Европа.

Властите на Германија, Шведска и Данска соопштија дека во тој период биле регистрирани сеизмички настани кои наликувале на детонации. Трите земји спроведоа засебни истраги, по кои навестија дека веројатно станува збор за диверзија на гасоводите, но не објавуваат податоци, правдајќи го тоа со националната безбедност.

Од „Nord Stream AG“ објави дека инцидентот на гасоводите, на кои со години се спротиставуваа САД, Украина и други земји од ЕУ, е без преседан и дека во моментов невозможно е да се процени времето на поправка и ставање во функција.

Москва, која води истрага за дело „меѓународен тероризам“, откако летото објави дека спречила обид за диверзија на гасоводот Турски тек, предупреди дека овој засега единствен правец преку кој рускиот гас се транспортира до југоисточна и централна Европа, може да биде цел на диверзија слична на онаа во Балтичкото Море.