Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ прв на ранг- листата според шангајскиот универзитет

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ повторно е прв на ранг- листата на високообразовни институции во земјава, составена од Центарот за светска класа универзитети при Универзитетот Џиао Тонг во Шангај.

На првите пет од вкупно 20 универзитети, три се државни и тоа „Гоце Делчев“ од Штип на второ, охридскиот „Св. Апостол Павле“ на четвртото и битолскиот „Св. Климент Охридски“ е петто рангиран.

Оваа ранг- листа ги сумира резултатите за настава и учење, за истражување и за социјална димензија. .

За оценка на универзитетите во предвид се зема 21 индикатор за квалитет, два повеќе во однос на првото рангирање – бројот на наставници или соработници кои најмалку една година работно престојувале во странство и бројот на студенти кои биле најмалку три месеци на студентска размена во странство.

Министерот Спиро Ристовски е задоволен од резултатите од ранг- листата бидејќи покажуваат подобри резултати.

„Има значитетелно подобрени резултати, особено за времето на завршување на студиите. Но општ впечаток е дека сите високообразовни установи во иднина треба повеќе да се фокусираат на процесите на интернационализација, односно мобилноста на студентите и на наставниот кадар, кои се во врска со меѓународната препознатливост. Би издвоил и дека научно-истражувачката работа и инвестирањето во оваа дејност на првитаните универзитети се уште заостанува зад јавните универзитети“, рече Ристовски, која нагласи дека во иднина од нив се очекува уште поголем придонес во публикувањето на научно-истражувачките резултати.

Второ рангирање на високообразовните установи во земјава за постигнувањата во 2011/2012:

1. Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

2. Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

3. Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово

4. Универзитет за информатички науки и технологии „Св. апостол Павле“ – Охрид

5. Универзитет „Свети Климент Охридски“ – Битола

6. Универзитет Американски колеџ – Скопје

7. Меѓународен Балкански универзитет – Скопје

8. Прв универзитет ФОН-Скопје

9. Државен универзитет во Тетово

10. Прв приватен универзитет Европски универзитет Република Македонија – Скопје

11. Приватна висока стручна школа за новинарство и односи со јавност – Скопје

12. Приватна висока стручна школа „Еуроколеџ“ – Куманово

13. Приватна висока стручна школа Факултет за бизнис економија – НЕОКОМ – Скопје

14. Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје

15. Меѓународен универзитет – Струга

16. Меѓународен Славјански Институт „Г.Р. Державин“ – Свети Николе

17. МИТ универзитет – Скопје

18. Приватна висока стручна школа „Бизнис академија – Смилевски“ – Скопје

19. Универзитет за аудиовизуелни уметности – Европска филмска академија ЕСРА – Париз–Скопје–Њујорк

20. Универзитет „Евробалкан“ – Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.