Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола објави конкурс за упис на 3.543 бруцоши

Вкупно 3.543 студенти бруцоши ќе може да се запишат на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола во следната академска година.

Од Ректоратот на Битолскиот Универзитет информираат дека во прва година ќе може да се запишат 2.040 студенти во редовната – државна квота за студирање, 790 редовни студенти со кофинансирање во студиите и 713 вонредни студенти

Во новата академска година на Техничкиот факултет ќе може да се запишат 590 студенти, Факултетот за информатички и комуникациски технологии објави оглас за 460 студенти, а Технолошко-техничкиот факултет во Велес – 355 студенти. Слободните места за упис на студенти во прва година се главно идентични со минатата година и на Економски факултет во Прилеп има место за 430 студенти, на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид 370, додека пак на Факултетот за безбедност во Скопје ќе може да се запишат 360 студенти, информираат од УКЛО-Битола.

Во новата академска година Педагошкиот факултет-Битола обезбеди можност за упис на 125 студенти, Правен факултет-Кичево 270, Факултетот за биотехнички науки-Битола 260, Ветеринарен факултет-Битола 45 и Високата медицинска школа на своите 5 насоки ќе може да запише 278 студенти.

За следење и реализација на конкурсот, УКЛО формира универзитетска конкурсна комисија која ќе одлучува и за потребата од спроведување дополнителен уписен рок по завршувањето на трите уписни рокови што ќе се реализираат во периодот од средината на август до 20 септември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.