11.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Универзитетот „Св.Климент Охридски” објави дополнителен уписен рок за студенти

Универзитетот „Св.Климент Охридски”-Битола денес објави дополнителен, четврт уписен рок за студенти бруцоши.

Можност за запишување и студирање во прва година има на сите факултети и високата медицинска школа, а пријавувањето на кандидатите ќе се врши на 2 и 5 октомври.

-На УКЛО-Битола може да се запишат уште 1.680 студенти. Техничкиот факултет може да запише уште 314, ФИКТ-Битола има слободни 287 места, а Економскиот факултет во Прилеп, 165 бруцоши. Слободни места за упис има на Педагошки факултет во Битола каде непополнети се уште 138 места, а исто толку кандидати може да се запишат и на Правен факултет. Во четвртиот уписен рок на факултетот за биотехнички науки може да се запишат уште 100 идни студенти, а на Високата медицинска школа -157, потврдуваат од битолскиот Универзитет, каде денеска на сите универзитетски единици во Битола, Прилеп, Велес, Охрид и во Скопје, почна новата академска година.

Кандидатите кои ќе ги исполнат условите за упис ќе бидат запишани на 9 октомври, а потоа непречено ќе се вклучат во академскиот процес.