Јункер: Мора да ги одржуваме ветувањата за да нѐ почитуваат

Ако сакаме да бидеме почитувани, ние мора да ги одржуваме нашите ветувања, изјави денеска претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, на прес-конференцијата по Самитот на ЕУ во Брисел.

На прашањето кои се последиците доколку ова е почеток на крајот на процесот на проширување на ЕУ, Јункер рече ако ова е крај на проширувањето треба да се соочиме со сериозни критики.

– Ние ги охрабрувавме овие земји, им помагавме и ги посетувавме овие земји и дававме јавни ветувања на овие земји. Ако сакаме да бидеме почитувани ние мора да ги одржуваме нашите ветувања, изјави Јункер.