Јункер верува дека е можен договор за брегзитот

Договорот за истепувањето на Обединетото Кралство од членството во Европската унија е возможен, изјави во четвртокот претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, додавајќи дека заштитниот механизам за ирската граница или ткн „бекстоп“, кој владата во Лондон не го сака, не би бил потребен доколку може да се замени со алтернативи.

„Мислам дека можеме да постигнеме договор“, изјави Јункер во интервју за британската телевизија Sky News, додавајќи дека не знае дали излгедите за договор се поголеми од 50 отсто.

Јункер повтори дека не е особено врзан за ткн „бекстоп“, планот кој би требало да осигури границата меѓу Ирска, членка на ЕУ, и Северна Ирска, која е покраина во Велика Британија, ќе остане отворена по брегзитот.

„Кога станува збор за ткн алтернативните аранжмани, кои нам и на Британија би им овозможил да ги постигнеме главните цели ‘бејкстоп’… доколку има резултати, ни ми е грижа за инструментот. Доколку се постигнат целите, и тоа сите, тогаш не ние потребен ‘бекстоп’“, рече Јункер.