Јунските пензии ќе се исплаќаат од вторник

Пензионерите со јунските пензии ќе може да располагаат од 28-ми месецов. Владата го задолжи Фондото за пензиско и инвалидско осигуруање информациите за пензиите да ги достави до банките најдоцна до 27 јуни.

Пензионерите што имаат картички од банкомат може истиот ден да ја подигнат пензијата. Остнатите што сакаат на шалтер ќе мора да ја подигнат пензијата во својата група.

Како и досега исплатата на шалтер ќе се врши во 4 групи:

  • до 11 000 денари да се исплатат на 28 јуни
  • од 11 000 до 14 000 денари да се изврши исплата на 29 јуни
  • од 14 001 до 18 000 денари ќе ја добијат пензијата на 30 јуни
  • над 18 001 денари на 1 јули