Љупчо Коцарев нов претседател на МАНУ

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во понеделникот избра ново раководство со мандат од четири години, почнувајќи од 1 јануари 2020 година.

За нов претседател на МАНУ е избран академик Љупчо Коцарев, професор на ФИНКИ, а за потпретседатели академиците Живко Попов и Газанфер Бајрам. Научен секретар на Академијата ќе биде Изет Зекири.

На денешното Изборно собрание за членови на Претседателството на МАНУ се избрани академиците: Катица Ќулавкова, Абдулменаф Беџети, Владимир Серафимовски, Леонид Грчев, Глигор Јовановски, Радован Павловски и Момир Поленаковиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.