Љупчо Николовски беше организатор на поткупот на гласачи со пари кои треба да ги враќаат сите граѓани

Љупчо Николовски е човекот од заднина на Зоран Заев, генерален секретар на СДСМ, кој ги организирал сите изборни нерегуларности и целиот партиски поткуп, тој не е лицето кое може да биде вицепремиер за борба против корупцијата, истакна на денешната прес-конференција Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Под палката на Љупчо Николовски како генерален секретар на СДСМ е спроведен најголемиот поткуп во независна Македонија каде дури милијарда евра кои владата ги зема како заем и кои граѓаните ќе треба да ги враќаат се потрошија на купување на гласови“, обвини Здравковски.

Потсети дека кога Николовски беше министер за земјоделие му се случи најголемата криминална проневера на пари во тој сектор. Здравковски имено посочи дека во период од 21.09.2017 година до 01.10.2018 година, Кире Неделковски, партиски активист на СДСМ и човек близок до Николовски и Заев проневерил 300.000 евра пари на тутунарите од Сојузот на тутунари. Додадек и дека тутунарите реагирале и со писмо поткрепено со документи и факти го известиле и Зоран Заев и Љупчо Николовски, како тогашен министер за земјоделие, но реакција немало.

„Кире Неделковски не само што шета на слобода, туку и е унапреден од страна на оваа власт и именуван за член на Управниот одбор на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието“, посочи Здравковски.

Запраша како од Љупчо Николовски, кога не умеел, не можел или не сакал да се справи со корупцијата и криминалот во министерството со кое раководеше, сега од него може да се очекува дека ќе се справи со корупцијата и криминалот во целата држава.

„Ннапротив тој ќе го унапреди… Николовски ниту како генерален секретар не ги почитуваше законите. Во ек на коронакризата, кога цело Скопје беше затворено со одлука на владата на СДСМ и ставено во карантин на 6 и 7 јуни, тој избега од градот, исто како и неговите сопартијци Шекеринска и Шилегов и отиде во Берово, каде немаше 72 часовен карантин како што беше случајот во Скопје“, констатираше Здравкоски.

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ додаде и дека во текот на неговата кариера Ноколовски го следат „најголемите лаги“ упатени кон земјоделците, откако заедно со  Заев ветуваа сигурен откуп и високи откупни цени, а веќе четврта година како се на власт, ниту сигурен откуп има, ниту повисоки откупни цени.

„Љупчо Николовски го упропасти македонското земјоделие, а сега е на ред да ја упропасти и целата држава. Ова не се нови кадри, ова се старите истрошени кадри на СДСМ, со конекции со транзицијата“, заклучи Здравковски.