Љупчо Николовски и Костадин Костадинов од СДСМ со бугарски пасоши, сместени во манипулацијата на Каракачанов

Заменик претседателот на Владата задолжен за борбата против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски од СДСМ и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов се дел од избирачкиот список во Софија.

Оваа вест денеска ја објавија дел од медиумите, заедно со фото документи од избирачките списоци во соседна Бугарија, според кои „јасно се гледа“ дека кривопаланчанецот Николовски и струмичанецот Костадинов се дел од граѓаните во Софија кои имаат право на глас, затоа што се државјани на таа земја.

Очигледно е дека оваа вест е лиферувана со цел уверливо да се прикаже манипулацијата на бугарскиот министер Красимир Каракачанов, кој соопшти неколку имиња на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, со тврдење дека биле на избирачките списоци во Бугарија. По демантот на опозициската партија, Каракачанов се огласи со изјава дека само соопштил „интересни имиња”, но не кажал дека се од ВМРО-ДПМНЕ.

По истиот „принцип” на манипулаторот Каракачанов, бугарски пасоши имаат и Љупчо Николовски и Костадин Костадинов, а на нас е да се сомневаме дека станува збор за функционери на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.