Јупитер и Сатурн ќе се „спојат“ првпат по речиси 800 години

Вечерта во понеделник речиси сите жители на Земјата ќе може да го видат еден од најретките астрономски настани, визуелното спојување на Јупитер и Сатурн, користејќи едноствани двогледи па дури и без нив, наведуваат астрономите.

Таканареченото соединување (конjукција) на Сатурн и Јупитер е ретка астрономска појава, во текот на којашто двата гасни гиганта се наоѓаат максмално блиску еден до друг на небото. Поради особеностите на нивното движење по орбитата, на набљудувачите од Земјата им се чини дека планетите се толку блиску една до друга што речиси се спојуваат во еден небесен објект, и покрај фактот што реално се оддалечени стотици милиони километри.

Последното преклопување на двете гигантси планети Јупитер и Сатурн се случило пред 794 години, на 4-ти март 1226 година. Овој феномен можеби и да биде тешко да се набљудува, зашто спојот на двете планети, кој се случува прилично ниско на хоризонтот, може да биде сокриен од облачноста. Покрај тоа, појавата нема да трае многу долго, па ќе може да се набљудува ведашо зајдисонце југозападно на хоризонтот.

Според пресметките, во 1226 година растојанието меѓу Јупитер и Сатурн изнесувало само две лачни минути (лачна минута или аголна минута, анг. MOA, е единица мерка за агол која се користи во астрономијата и морепловството).

Денеска, пак, Јупитер и Сатурн ќе бидат оддалечени само шест лачни минути, односно една петтина од дискот на Месечината, и со голо око набљудувани ќе личат како светла двојна ѕвезда. Астрономите прецизираат дека видливо од Земјата планетите меѓусебно се приближуваат на секои 20 години, но дека Јупитер и Сатурн многу ретко се приближуваат еден на друг што се претвораат во една ѕвезда. Последен пат тие се приближиле кон крајот на мај 2000 година, но на поголемо растојание. Сепак, на следното нивно големо приближување човештвото нема да мора да чека толку долго како сега, а астрономите го предвиделе за 15-ти март 2080 година.

Големо приближивање меѓу двете планети имало и на 16-ти јули 1623 година, кога џиновските планети биле во пределот од пет лачни минути. Сепак, тогаш се наоѓале на 13 степени од Сонцето, а силната сончева светлина оневозможила феноменот да се набљудува од Земјата. На 25-ти август 1563 година, планетите исто така се приближиле на пет лачни минути, а на сано две лачни минути една од друга биле на 6-ти март 372 година. Уште поблоски, на само 1,3 лачна минута Јупитер се доближил до Сатурн на 7-ми октомври 1793 година пред нашата ера, пресметале научниците.