Употребата на сила во Украина може да доведе до санкции

Воведување на вонредна состојба во Украина или употребата на сила за растурање на демонстрациите, веднаш би довело со себе сериозни економски санкции против европската држава од страна на Вашингтон, истакнал амбасадорот на САД во Киев, Џефри Пајет, пренесува „Обозревател“.

Американскиот дипломат е убеден дека претседателот Виктор Јанукович е одговорен за развојот на ситуацијата во земјата.

Во меѓувреме, украинската опозициска партија„Удар“ истакна дека не го одобрува учеството на Русија во својство на посредник, во преговарачкиот процес за надминување на политичката криза во Украина.