Употребата на знамето од апартхејдот во Јужна Африка се смета за говор на омраза

Јужноафриканскиот суд за рамноправност го ограничи поставувањето на старото знаме од периодот на апартхејдот, наведувајќи дека нелегалното користење на знамето претставува говор на омраза и расна дискриминација.

Судијата Финеас Моџапело изјави дека пресудата не значи целосна забрана, истакнувајќи дека употребата на знамето е заштитена со закон со цел да се користи во уметнички, академски, новинарски или други цели за кои се смета дека се од јавен интерес.

Знамето во портокалова-бела-сина боја, што се применуваше во системот на расна дискриминација познат како апартхејд, е заменето со ново знаме од 1994 година, кога земјата стана демократија.

Фондацијата „Нелсон Мандела“ побара од судот да пресуди дека старото знаме претставува говор на омраза и расна дискриминација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.