УПОЗ и СОНК до Битиќи: Доста ни е од вашиот игнорантски однос, со 5 проценти покачување на плата во време на инфлација не се живее

Не требаше да се доведеме во ваква ситуација сега да протестираме, ако тоа е законска одредба. Повеќе од 4 години ова го баравме од надлежните министерства, но и по низа простести не успеавме да издејствуваме. Ако се бара граѓаните да ги почитуваат законите, која е причината што владата не ги почитува законите? Има законска основа и не е проблемот од сега, порача Јаким Неделков, претседател на СОНК во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.

Неделков смета дека изјавите на вицепремиерот Фатмир Битиќи за тоа дека се договориле дебатата да продолжи во Економскиот социјален совет на влада, и дека е избрана одлуката за протест од страна на синдикатите и дека владата не бега од достоинствени плати, рече дека неговиот контра аргумент за тоа зошто во моментот не можат да се покачат така платите како ние што посакуваме, е практично еден добар политички говор, додавајќи дека како синдикат се соочуваат со игнорантски однос од страна на власта.

Добро вака вицепремиерот што даде едно добро образложение на проблемот, односно контра аргументи за тоа зошто во моментот не можат да се покачат така платите како ние што посакуваме, е практично еден добар политички говор кој што треба јавноста да ја убеди дека навистина е така.

– Инаку, ние бевме многу стрпливи, коректни, конструктивни и подготвени за социјален дијалог, наназад четири години, значи зошто беше тој игнорантски однос, од репрезентативен синдикат во јавен сектор не паркираа во нерепрезентативен синдикат, ни истекла регистрацијата за репрезентативност. Опструкции невидени за да докажеме дека сме репрезентативен синдикат како конфедерација на слободни синдикати. Сега се наоѓаме од позиција да сме синдикат од втор ред на Економски социјален совет каде што репрезентативниот синдикат Сојуз на синдикати на Македонија преговара со владата, практично целите аплаузи или негодувања на постигнатите резултати и на ова денеска што се случува тоа е меѓу социјалните партнери кои што беа директно во преговарачкиот тим, од една страна претставниците на работниците и претставниците на владата. Од тој аспект јас морам да кажам дека не е решение да се бара или превенира лекот поединечно кој како ќе најде начин, истакна Неделков.

Трпе Деаноски од УПОЗ нагласи дека владата единствено покачување што го направила изминатите 5 години е 5 проценти, укажувајќи дека со ова покачување и во време на инфлација не се живее.

– Владата треба да сфати дека овие вработени кои што синдикатот на УПОЗ ги претставува немаат добиено покачување на плата во последните 5 години, и најмногу што добиле покачување на плата се 5 проценти. Со покачување на 5 проценти не се живее, поготово не се живее во време на инфлација, вели Трпе Деаноски од УПОЗ.