Управниот суд ги одби првите тужби на Алијанса за Албанците и Алтернатива

Одбиени се првите тужби на Алијанса за Албанците и Алтернатива доставени до Управниот суд, а поврзани со изборни нерегуларности на предвремените парламентарни избори.

Денеска закажани се повеќе јавни расправи за 75-те тужби на оваа партија, како и една од Интегра. Тужбите, како што претходно најави претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини, се поделени на неколку судечки совети формирани со жрепка. Алијанса и алтернатива се сомневаат во тоа дека на голем број избирачки места е впишано дека луѓе кои се починати или во странство, сепак, како да гласале. Бараат судот да им дозволи увид во избирачките списоци и кутии.

Во меѓувреме и Левица поднесе повеќе од 100 тужби. Преку соопштение известуваат дека ДИК им ги отфрлила приговорите без воопшто да ги разгледа, а решенија се изработени на однапред подготвен шаблон за одбивање, без навлегување во спецификите на секој поединечен случај – што е недозволиво за една државна институција, пишуваат од Левица.

И тие очекуваат Управниот суд да ги усвои тужбите и да го поништи гласањето во оспорените гласачки места, бидејќи влијаат врз вкупниот конечен резултат за респределба на мандатите. Според нив украдени им се 3 пратенички места или повеќе од 1 500 гласови.

Еве ја изјавата на адвокатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Абедин Абдули, кој денеска ги бранеше тужбите  на коалицијата пред Управниот суд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.