Управниот суд одлучува по тужбите на Левица и МОРО

Денеска Управниот суд ќе одлучува по тужбите на Левица. Партијата освои два мандати, но смета дека и се одземени уште три заради што се жали по решенијата на ДИК и поднесе 101 тужба до Управниот суд по кои денеска се одлучува.

Попладне Управнот суд ќе ги разгледува и тужбите од МОРО Работничка партија.

Последните тужби Управниот суд ги прими вчера доцна попладне од политичка партија Демократи – 2 тужби, ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција “Обнова на Македонија” – 2 тужби, Единствена Македонија и Коалиција “Никогаш Северна само Македонија” –и МОРО – Работничка партија – 1 тужба. Вчера тужба поднесе и Социјал Демократската унија.

Во текот на вчерашниот ден Управниот суд отфрли една тужба на ИНТЕГРА и 40 тужби на Алијанса на Албанците.

Алијансата на Албанците по ова најави протест за понеделник, а на протест истиот ден повикува и МОРО Работничка партија.

Управниот суд одлучува во рок од 60 часа по прием на тужбите. Откако ќе ја заврши работата, ДИК треба да ги објави конечните резултати од гласањето и да ги верификува мандатите на идните пратеници.

Согласно Уставот, констититувната седница на новиот собраниски состав треба да се оджи 20 дена по одржувањето на изборите односно на 04 август,  по што течат роковите за формирање Влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.