Ураганот Харви однесе две жртви, десетици исчезнати

© AFP 2017 / Mark Ralston

Две лица ги загубиле животите во саботата кога Харви, најсилната бира којашто ја зафати американската сојузна држава Тексас во последните 50 години стаса до копното оставајќи без електрична енергија повеќе од 338.000 луѓе и заканувајќи се со катастрофални поплави.

Втората жртва е жена којашто се удавила обидувајќи се да вози низ поплавените улици на градот Хјустон, соопшти полицијата. Претходно неидентификувано лице изгорело во пожар во куќа во Рокпорт, 50-ина километри од градот Корпус Кристи каде што тропската бура, којашто дотогаш имаше моќност на ураган најсилниот кој ги погоди САД од 2005 година, го погоди копното.

Околу 30 луѓе примиле медицинска помош, главно поради повреди како што се скршеници, а 30 до 40 лица се сметаат за исчезнати на подрачјето на Тексас, соопштија локалните власти.

Харви го погоди копното доцна ноќта во петокот по локално време како ураган од 4 категорија на скалата од нивоа во кој се развивале ветришта со брзина и до 209 километри на час, што е најсилното невреме што ја погодило државата Тексас од 1962 година. Откако мина преку градовите Рокпорт и Порт Арансас, ураганот ослаби и беше категоризиран како тропска бура, па мина преку Хјустон во кој во првите часови наврнале 5 до 8 литри дожад на секој час.

Бурата уништила покриви, искорнала и скршила стебла, предизвикала торнада и поплави, а само на подрачјето на Хјустон без електрична енергија се 232.000 луѓе. Неколку рафинерии престанаа со работа и намалено е производството на нафта и гас, што доведе до моментален скок на цените на горивата на бензинските станици.

„Патиштата на југот од Тексас во саботата ноќта беа пусти, додека милиони луѓе по должина на тексашкиот брег се подготвувале за разорната стихија. Дрвја паѓале врз кучите, бензински пумпи се уништени, сообраќајната инфраструктура искорната. Изгледа како воена зона“, пренесе Ричард Тревино за телевизиската мрежа NBC во јавувањето од гратчето Рејсин.

Телевизијата NBC во извештајот наведува дека сѐ уште не се познати размерите на штетите, бидејќи силниот дожд и ветровите ги оневозможуваат спасувачките служби да стасаат до најпогодените области. Гувернерот на Тексас, Грег Абот, прогласи вонредна состојба во 20 окрузи во саботата, со што вкупно ваквата ситуација е воведена вкупно во 50 окрузи на државата Тексас.

Се очекува дека Харви ќе донесе силни дождови, па во некои области би можеле да наврнат и до 100 литра дожд на квадратен метар, според Националниот центар за урагани (NCH), кој изгледите за државата Тексас ги опиша како „катастрофални“.

Метеоролошката телевизиска станица Weather Channel извести дека во Хјустон, четвртиот најголем град во САД, би можело секој час да наврнат 12 до 15 литри дожд на квадратен метар, поради што поплавените сообраќајници ќе бидат непроодни.

Улиците во Рокпорт, едно од првите места кое се најде на патот на ураганот, се поплавени и препречени со мноштво соборени електрични столбови и други предмети. Во текот на ноќта пристигнал конвој воени возила за да се расчисти градот и животот да се врати во нормала. Воведена е и забрана за движење на жителите во текот на ноќта.

Гувернерот Абот ја активираше војската да помогне во расчистување и потрага по исчезнатите во акциите за спасување. На прес конференцијата тој истакна дека засега се ангажирани 1.800 војници.

Според прогнозите, Харви би можел да се врати во Мексиканскиот залив и потоа повторно да тргне кон север во текот на вторникот. „Дождовите ќе доведат до долготрајни , опасно и потенцијално катастрофални поплави, коишто ќе се оддолжат до следната седмица“, предупреди државната метеоролошка служба.