Ураганот Ирма најсилен во историјата: Десет мртви и апокалитични сцени на Карибите

345

Ураганот Ирма усмрти во четвтокот најмалку десет луѓе на карипските острови Свети Мартин, Свети Бартоломеј, Ангвила и Барбуда, и како најсилна бура во историјата се сврти кон Флорида, јавуваат медиумите.

Ирма е ураган од петта, максимална категорија веќе 33 часови, што е најдолгото регистрирано време откако се бележат метеоролшките мерења, објави во четвртокот француската национална метеоролошка служба Meteo France.

Ирма со тоа го соборила рекордот на супертајфунот Хаијан, кој во 2013 година ги погоди Филипини со иста брзина на ветровите, од 295 километри на час, но на 24 часа.

„Таков интензитет, во толкаво траење, не е забелажан во светот откако постојат мерењата“, објави Meteo France.

Телевизиските снимки од островот Свети Мартин, чиишто 87 квадратни километри површина ги делат Франција и Холандија, покажуаат патишта под вода, уништени куќи и мали пристаништа со разорени бродови.

„Ова е катаклизма, 95 отсто од островот се уништени“, ијзави началникот на локалниот совет на Свети Мартин, Даниел Гибс.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб изјави дека на Свети Мартин осум луѓе загинале и дека бројот на мртвите веројатно ќе расте. „Не стасавме уште се’ да пребараме“, изјави за радиото France 1.

Вкупно на четирите острови кои ги разори ураганот Ирама засега загинале десет луѓе.

„Штетата е огромна, толкавата што се’ уште не успеваме да ја согледаме“, изјави холандскиот министер за внатрешни работи Роналд Шластерк за холандскиот дел на Свети Мартин.

На овој остров, како и на соседниот Свети Бартоломен, кој во целост е француски прекуморски департман, нема електрична енергија. И таму бродовите во пристаништата се претворени во парчиња дрво, стебла се искорнати од почвата, има одлетани покриви, автомобили потопени на улиците.

Ништо подобро не е ниту на Антигва и Барбуда. Барбуда, која има приближно околу 1.800 жители „сега дури претствува куп од урнатини“, истака премиерот Гастон Броувн

„Островото е целосно опустошен. Деведесет отсто од објектите се оштетени или уништени. Половината од населението ни се буквално бездомници“, изјави градоначалникот додавајќи дека владата помага колку што може и дека ќе биде побарана и странска помош.

Ирма во меѓувреме мина и низ Порторико и се движи кон Доминиканската Република.

Повеќе од половината од трите милиона жители на Порторико сега се без електрична енергија, а реките се излеаја од коритата во централниот и северниот дел на островот.

Во Доминиканската Република владата ги нареди првите евакуации во крајбрежните зони, иако „окото“ на ураганот не би требало да достигне до островот, според Националното метеоролошко биро.

Ирма внимателно ја следат и на Бахами и на Куба, иако се претпоставува дека нејзиното средиште нема да ги зафати. Но затоа започна веќе евакуацијата од југот на американската сојузна држава Флорида, кој би можела да се најде директно на ударот и чиишто жители, отккао неодамна ураганот Харви го опустоши Тексас, сериозно ги сфатија препораките од властите.

Директорот на Националниот центар за урагани (NHC) на Флорида, изјави дека Ирма е бура какво што се случува „еднаш во генерацијата“ Во меѓувреме над Атлантикот се формирале два нови урагана, Кати и и Џоси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.