Уривање дивоградби во Охрид, концесионерите со плажи бараат внимателност

Поранешни концесионери со плажи во Охрид бараат внимателност од страна на општината и државата при решавање на прашањето за идниот статус на крајбрежјето. Ова доаѓа откако локалните власти најавија дека по неколкумесечен застој, акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти ќе продолжи во април. Тендерот за избор на фирма е завршен. Останува уште процесот на евалуација на понудите.

-Сè што влегува во езерото да се отстрани и да функционираат само летни шанкови. Заврши сезоната – се затвораат, рече Илија Џепароски-поранешен концесионер на плажа за Алсат.

Градоначалникот Ѓеорѓиески вели дека ќе постапуваат согласно препораките на УНЕСКО.

-Први ќе се отстрануваат плажите кои се на катастарска парцела еден, затоа што во планот за управување со Охридското езеро, таму не е дозволено да има градби од траен или времен карактер, изјави Ѓорѓиески.

Целиот текст овде.