Урнат споменикот на Ибрахимовиќ во Малме

Бронзената статуа на фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, дело на уметникот Петер Линде, во шведскиот град Малме е урнат минатата ноќ од страна на засега непознати сторители.

Кипот го постави на почетокот од октомври Шведскиот фудбалски сојуз пред стадионот во Малме, но се чини дека споменикот во чест на најдобриот шведски фудбалер на сите времиња во неговиот роден град има многу противници.

Два и пол метри високата скултура без постаменот, тешка повеќе од поволивина тон, веќе неколкупати досега беше вандализирана, а во неделата е урната откако бил препилен постаментот. Штетата била откриен околу 3,30 часот по локално време утрото во неделата, а притоа бил напишан графит „земи си ја“ на шведски јазик.

Шведската полиција сѐ уште нема податоци за сторителите, но се сомнева дека станува збор за навивачи на фудбалскиот клуб Малме, кои на популарниот Ибра не можат да му ја простат изјавата во која рече дека поскоро би играл за ривалот АИК од Стокхолм.

Сега 38-годишниот Ибрахимовиќ инаку пред 20 години дебитираше за Малме, а во декември инвестираше во ривалскиот клуб. Статуата претходно беше вандализирана, отсечен ѝ беше носот, беѓе испрсканаа со боја и запалена …. откако беше објавено дека Ибрахимовиќ купил 25 отсто од акциите на клубот Хамарби.

Локалните медиуми потстетуваат и дека домот на Ибрахимовиќ во Стокхолм бил вандализиран, кога на влезната врата било испишано „Јуда“.

Златан Ибрахимовиќ во досегашната кариеара настапуваше за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Лос Анџелес Галакси а неодамна повторно потпиша за Милан.