Урнатиот пакистански авион трипати удрил во пистата при првото слетување

Капетанот на пакистанскиот патнички авион кој се урна минатата седмица кога загинаа 97 луѓе, се приближил кон аеродромот во Карачи а не јавил дека не може да ја активира опремата за слетување, и трипати удрил во пистата, соопштија во четвртокот пакистанските власти.

Иследниците во остатоците од пакистанскиот авион од типот „Airbus A320“ кој се урна врз станбена населба во Карачи минатиот петок нашле снимка од разговорот во пилотската кабина, изјави портпаролот на компанијата Pakistani International Airlines (PIA).

Авионот на летот PK83030 од североисточниот град Лахоре до јужниот Карачи, се урнал додека по вторпат се обидувал да слета на една од двете писти кои биле слободно. Претходно се појавија сомневања дека авионот удрил во телекомуникациски столб или во јато птици.

Министерот за цивилно воздухопловство на Пакистан, Ѓулам Сарвар Кан, изјави за новинарите дека моторите ја допреле земјата трипати при првиот обид за слетување.

„Пилотот не јавил дека неговата опрема за слетување не се отвора. Нестручно со моторите трипати ја допрел почвата. Сите трагови се присутни (на пистата). Не бил на пропишаната височина… Контролната кула го информирала дека не е на пропишаната височина, дека треба да ја намали височината“, изјави Сарвар Кан додавајќи дека пилотот одговорил „Ќе се снајдам“.

Според информациите кои се објавени на мрежната страница liveatc.net, којашто ги објавува вестите за авионската комунијација, пилотот им рекол на контролорите на летањето „Сега сме на сигурно“ во текот на првиот пристап кон пистата, но причината за оваа напомена за многу експерти е проблематична.

Набрзо откако моторите стругале по пистата во првиот неуспешен обид за слетување, пилотот пријавил проблем во одржување на височината, а потоа рекол дека двата мотора откажале.

Иследниците би требало да прегледаат дали моторите се исклучиле поради колизија со пистата по пострмното и побрзо спуштање отколку што е вообичаено. Во долниот дел од моторот се наоѓаат клучните делови, вклучително и помошниот менувач и хидрауличните пумпи. Според експерите, моторот може да доживее многу влијанија доколку ја допре пистата.

Моторите за овој модел авион ги изработува „ CFM International“, француско-американска компанија во сопственост на „Safran“ и „General Electric“, и се вбројуваат меѓу моторите коишто најечсто се користат во воздухопловната индустрија и се позната по нивната сигурност.

Црните кутии кои се најдени веднаш по несреќата, ќе бидат декодирани во BEA, агенцијата специјализирана за истражување воздухопловни несреќи во Франција, којашто ја води истрагата за оваа несреќе под водство на истражен тим од Пакистан.

Експертите за воздухопловна безбедност предупредуваат дека е прерано да се каже што ја предизвикало несреќата, и истакнуваат дека повеќето трагедии се случуваат поради настанување повеќе фактори за тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.