Утрово ограбена банка во Велес

Засега непознат маж со закана со огнено оружје во петокот ограбил експозитура на банка во Велес, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

На 07.02.2020 во 09:20 часот во СВР Велес било пријавено дека во експозитура на банка на улицата „8-ми Септември“ во Велес едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари и побегнало.

Засега не е познато дека колку пари понел со себе ограбувачот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.