Урсула фон дер Лајен го напушти самитот на ЕУ, за да се самоизолира

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го напушти самитот на лидерите на ЕУ поради сомнеж на Ковид-19 и заминува во самоизолација.

Фон дер Лајен веднаш по почетокот на состанокот во Брисел добила информација дека еден член на нејзиниот кабинет бил позитивен на тестот на коронавирус.

– Мојот тест е негативен, но поради внимателност веднаш го напуштам Европскиот совет и заминувам во самоизолација, напиша Фон дер Лајен на својот твитер-налог.

Таа на почетокот на месецов веќе беше во самоизолација поради присуство на состанок во Лисабон, на кој се наоѓало лице позитивно на Ковид-19.