Уругвај со тешки маки во вториот круг

Фудбалерите на Уругвај ја победија Саудиска Арабија со 1:0 во последниот натпревар од 2 коло на групата „А“ на Светското првенство во Русија и му се придружи на домаќинот како втор тим во осмина-финалето на Мундијалот. Двете селекции во понеделник во меѓусебен дуел ќе решат кој ќе добие „полесен“ противник во првите елиминаторски натпревари.

Натпреварот беше решен во 23. минута кога голманот на Саудијците направи погрешна проценка, па наместо да ја „боксува“ нафрлената топка ја промаши, а таа фудбалерот на „Барселона“ умешно ја постави ногата и го постигна својот прв гол на овој турнир.
До крајот на првото полувреме Саудиска Арабија имаше две шанси, но не беа прецизни. Во продолжението први на два пати се заканија Уругвајците, но резултатот остана ист. Саудијците стануваа се понервозни како одминуваше натпреварот, па не успеаја да постигнат гол, исто како и на претходниот натпревар со Русија.