Уругвајскиот голман Виера застрелан додека вадел пари од банкомат

Искусниот уругвајски голман Виера бил застрелан додека вадел пари од банкомат

Во Виера е пукано два пати, при што куршумите завршиле во неговото рамо и грб. Тој бил пренесен во болница, но е надвор од животна опасност. Напаѓачите засега се непознати, но полицијата интензивно трага по нив.

Виера игра во Колумбија три сезони, но со оглед на тоа што веќе има 36 години, многу веројатно ова ќе значи крај на неговата играчка кариера.