УС Опен потврди – Ѓоковиќ не може да игра

„Се надевам на добри вести од САД“, изјави Новак Ѓоковиќ по освојувањето на Вимблдон.

Српскиот тенисер не е вакциниран и засега не може да влезе во САД каде во септември ќе се игра последниот Грен слем годинава.

Ѓоковиќ, победник на 21 Грен слем турнир, се пријави на УС Опен, но според сегашните правила, нема да смее да влезе во САД. Лоша вест за Ѓоковиќ синоќа ја објави и УС Опен.

 Организаторите на УС Опен соопштија дека нема да бараат задолжителни вакцини за учесниците на турнирот, но ќе ја почитуваат одлуката на американските власти за патување во земјата за вакцинирање на играчите, кои доаѓаат надвор од САД. Значи, јасно е дека доколку САД наскоро не ги променат условите за влез во земјата, Ѓоковиќ, трикратниот победник на тој турнир, нема да учествува на УС Опен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.