Јусеин Болт стана татко

Јусеин Болт, веројатно најдобриот атлетичар во историјата на овој спорт, има причина, и тоа каква, да прославува. Имено тој за првпат стана татко. Јусеин и неговата партнерка Каси Бенет, во неделата добија ќеркичка.

Инаку Јусеин пред два месеци, на социјалните мрежи се пофали дека тој и Каси чекаат девојче.

Веста во Јамајка одекна како “бомба“, а прв ја пренесе премиерот на таа земја Ендрју Холнес, кога на својот “Твитер“ профил му честиташе на Јусеин.